Бројни егзотични видови во изминатите години се имаат населено во Јадранското море, а многумина од нив се и отровни. Иако некои се безопасни и немаат влијание во Јадранот врз неговиот екосистем, на некои сепак треба да се внимава. Тоа го потврдиле и од Хрватската агенција за заштита на животната средина и природа ХАОП.
„Големо влијание на промените има и температурата. Средоземното море се повеќе се загрева и поради тоа се зголемува бројот на животните. Многу фактори влијаат на трендот на ширење на различни видови кои доаѓаат од страна, а меѓу нив се и поморскиот сообраќај, туризмот, риболовот“, велат од ХАОП.
Нема истражувања
Додаваат дека е тешко да се процени бројот на морски видови во Јадранот, поради недоволниот број на истражувања. Експертите проценуваат дека во изминатите десет години, околу 14 нови видови пристигнале во Јадранот. Некои се отровни, како фугите, кои не смеат да се конзумираат. Фугата во 2017 година е пронајдена кај Трибуња.
Пред недела дена на самиот влез во Јадранот кај Отранта е забележано морско куче, кое се приближувало на италијанскиот брег. Иако во Јадранот има 29 вида на морски кучиња, белата ајкула е нешто кое ретко може да се види. Последниот напад на ајкули на човек се случил во 2008 година, во близина на Вис.
„Ако странскиот вид се прилагоди на новото подрачје и нема природни непријатели, тоа може да стане инвазивен. Тој вид често има обележја кој му овозможуваат предност пред другите видови, како што е интезивното разможување, голем број на потомци, брзиот раст, способноста за брзо ширење и слично. Ширењето на инвазивните видови може да ја наруши стабилноста на екосистемот, да предизвика економски штети и да го загрози здравјето на луѓето“, додаваат од ХАОП.
Идеален пример како инвазивните видови можат да создадат проблеми се ткивните животни кои се појавиле во 2005 година во северниот дел на Јадранот. Тие се хранат со планктон што предизвикува недостиг на храна за ситната сина риба, а дополнително ја загрозува нивната егзистенција затоа што се хранат со нивните јајца. На некои места целосно се менува системот на заедницата, а влијае и на условите на живот. Контролата на инвазивните видови и намалувањето на нивното влијание на мајчините видови и целокупниот екосистем денес е еден од најголемите предизвици на заштитата на природата во Европа, велат од хрватската Агенција за природа и заштита на животната средина.