Осуден милијардерот кој уби новинарка во својата подморница

Данскиот милионер Питер Медсен (47) е осуден денеска на доживотна казна затвор поради убиство на шведската новинарка Ким Вал (30) во неговата подморница.

Обвинителите истакнале дека Медсен планирал да ја убие новинарката. Медсен изјавил дека ќе вложи жалба на пресудата на данскиот суд.

Тој негира дека ја убил новинарката тврдејќи дека таа случајно починала во подморницата, а признал дека го исекол нејзиното тело на делови и го фрлил во море.

Полицијата го уапсила Медсен на 11 август минатата година, кога се појавил сам, без Вал со која испловил во својата рачно направена подморница претходниот ден.

Торзото кое водата го исфрлила на брегот на Копенхаген полицијата утврдила дека ѝ припаѓа на Вал. Подоцна се пронајдени и други делови од нејзиното тело.

 

Scroll to Top