Осумнаесетгодишна манекенка пронајдена мртва во стан на лекар

Осумнаесетгодишната манекенка Олја Лангил била пронајдена мртва во креветот на 41-годишниот лекар Навал Парих. Како што пренесува полицијата, причината за смртта била предозирање со екстази и кокаин.

Телото на младата жена било откриено во станот на Навал, во Форт Лодердејл на Флорида.Инаку, Навал бил лекар на итната помош. Обдукцијата покажала дека, освен екстази и кокаин, во нејзиниот организам имало и супстанции од фентанил и ксанакс. Според извештајот на полицијата, причината за смртта е ненамерното предозирање, пишува „Дејли мејл“.

Ја слушнал како грчи

Лекарот во чиј стан е пронајдено телото изјавил пред полицијата дека тие имале сексуален однос откако се запознале во спортскиот бар „Блондис“ на крајот на март. Испиле неколку пијалаци и се упатиле во неговиот стан, каде што консумирале кокаин, пушеле марихуана и стапиле во доброволен сексуален однос, пренесува „Ен-би-си Мајами“.

Навал на полицијата ѝ рекол дека подоцна тој заспал, а по некое време се разбудил и се префрлил на каучот во дневната соба. Лекарот изјавил дека околу 5 часот утрото, кога се расонил, ја слушнал од дневната соба тинејџерката како грчи. Кога се разбудил во 9 часот утрото, ја пронашол без свест и повикал 911.

Полицискиот службеник на местото на несреќата пронашол мали кеси во кои, според неговата процена, имало кокаин или хероин. Освен тоа, на плакарот во спалната соба забележал и наргиле.

Иако полицијата смета дека нема причина да се сомнева дека смртта на младата девојка била насилна, нејзиното семејство и пријателите не се сигурни во тоа. Во објавата на фејсбук-профилот на починатата стои молба до сите што биле во контакт со Олја да му се јават на семејството.

Семејството се сомнева во заклучоците на истрагата

„Таканаречениот доброволен сексуален однос не бил доброволен и ве молиме да ни се јави секој што има каква било информација или порака во која таа бара помош. Се молат сите што биле таа ноќ на забавата. Благодариме“, пишува во пораката.

„Тој бил одговорен да се грижи за неа“, се вели во пораката.

Лекарот, по инцидентот, се вратил на работа во болницата Brauаrd Helt Nort. Кога полицијата ја известила управата на болницата за тоа што се случило, болницата веднаш договорила замена за пациентите на доктор Навал.

„Ваквите обвинувања ги сфаќаме многу сериозно и поради тоа организиравме алтернативна замена за неговите пациенти додека не заврши истрагата“, порачале одговорните служби во болницата преку соопштение.

 

Scroll to Top