Непознатиот Британец освои неверојатно 51,7 милиони фунти (околу 57.3 милиони евра), но по седум дена сеуште не се јавил во Британската национална лотарија за да ја земе својата добивка.
Лотаријата го повикала добитникот, преку медиумите, да што побрзо се јави.
Анонимниот богаташ освоил милиони во играта, а добитната комбинација била 5.9.29.31.41. со двата дополнителни 2 и 4.
„Sunday Times“ веднаш се фрли на пресметката, па дојдоа до податок дека овој добитник ќе биде богат исто колку и пејачот Ед Ширан, чие богатство се процениува на 52 милиони фунти.
Ова е четврта најголема добивка во историјата на играта, а рекордерот во јуни освои дури 87 милиони фунти.