Откриена ајкула стара повеќе од 500 години

Во водите околу Гренланд пронајдена е ајкула која би можела да биде стара меѓу 272 и 512 години.

Тоа значи дека рибата, најверојатно, на свет стигнала во 16 век, а генерациски е блиска со Шекспир.

Ова морско куче веројатно е најстариот жив ‘рбетник на планетата.

Припаѓа на видот гренландски морски кучиња, кои се познати по долгиот животен век, а староста им се одредува по должина.

Имено, морското куче од овој вид годишно расте по еден сантиметар. Возраста е објавена во списанието „Саенс“, а ова е најстариот примерок од 28 морски кучиња кои научниците ги проучувале.

 

Scroll to Top