Откриена мумија која е предок на британскиот политичар Борис Џонсон

Мумија пронајдена на гробиштата на црквата во Базел е идентификувана и како богата Швајцаркиња, од 18 век, и која е предок на британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон.

Со тоа, повеќедецениската мистерија е разрешена, пренесува агенцијата АП.

Телото на жената е пронајдено во 1975 година, по рестаурацијата на црката, и немало надгробен споменик, а нејзините идентитет останал мистерија.

Како што пренесува Би-Би-Си, ДНК-та на ножниот прст на мумијата отрил дека станува збор за Ани Катарини Бишоф, член на истакнато базелско семејство, која починала во 1787 година. Нејзината ќерка се омажила за Кристијан Хуберт Барон Пфефел вон Кригелштајн, предок на британскиот шеф на дипломатија, Александер Борис де Пфефел Џонсон.

Утврдено е дека нејзиното тело било третирано живо и поради тоа било и сочувано.

Природно-историскиот музј во Базел соопшти дека во него експертите предводеле меѓународен тим кој ја идентификувал жената, а резултатите ќе бидат денеска прикажани на швајцарската телевизија.

Scroll to Top