Откриени 28 нови вируси на Тибет

Научниците пронајдоа 28 вируси, досега непознати, во примероци мраз кои ги собирале од глечерите на Тибетската висорамнина во Кина, а биле замрзнати во последните 15 години.

Откритијата се објавени во научниот магазин „Микробиом“, а целта е да се разбере како вирусите еволуирале во текот на вековите.

Водичот на студијата, Џи Пинг Џонг, истражувач од Универзитетот во Охајо и Центарот за климатски истражувања, вели дека овие глечери постепено се формирале, заедно со прашината и гасовите, огромен број вируси кои исто така се „таложеле“ во мразот.

Како што се наведува, истражени се јадрата од ледената карпа Гулија, кои беа собрани на висина од најмалку 6.000 метри надморска височина.

Научници открија дека мразот бил стар околу 15.000 години и има генетски кодови на 32 заробени вируси. Иако можат да се идентификуваат само четири, најмалку 28 од нив се целосно непознати за човештвото.

Овој неверојатен поглед на организмите од античкото минато на Земјата ни ја открива историјата на античките еко-системи, вклучувајќи детали за околината во која тие постоеле. Меѓутоа, топењето на мразот предизвикува загриженост затоа што содржи и вируси кои може повторно да нè прогонуваат.

„Топењето на мразот нема да доведе само до ослободување на древни архивирани микроби и вируси, туку во иднина ќе ги ослободи и во нашето опкружување“, пишуваат тие.

Благодарение на новите метагеномски техники и новите методи за одржување на стерилни примероци на ледени јадра, истражувачите се обидуваат подобро да разберат што точно се крие таму.

 

Scroll to Top