Откриено презимето на најпознатата кукла Барби

На официјалната страница на прочуената Барбика на социјалната мрежа „Твитер“ на 10 април е објавено дека таа има и презиме.

По половина век е откриено презимето на куклата со која израснаа многу девојчиња, Барбара Милсент Робертс.

Веста била објавена откако на официјалниот профил на барбиката била постирана честитка.

„Среќен Национален ден браќа и сестри, ви посакува сестра Робертс“, стои во објавата што ги збуни обожавателите.

Многумина останале затекнати па тоа го напишале во коментарите.

„Барбиката има презиме? Од кога тоа? Имам 42 години и дури сега го дознав тоа“, напишала една корисничка на социјалните мрежи.

 

Scroll to Top