Истражувачите го отворија саркофагот стар 2 000 години што беше пронајден во Египет и ги покрена шпекулациите во локалните и светските медиуми дека во него би можело да се наоѓаат посмртните останки на Александар Македонски. Сепак, во него биле пронајдени три мумии за кои се верува дека биле членови на едно семејство.
Градежни работници минатиот месец случајно го пронајдоа саркофагот од црн гранит, на градилиште за станбена зграда во историскиот град Александрија. Саркофагот, кој тежи 30 тони, е најтешкиот саркофаг што некогаш е пронајден во овој град. Во медиумите почна да се шири приказна дека станува збор за гробот на владетелот кој во 331 година пред новата ера го основал овој град кој денес го носи неговото име.
Гробот на Александар Македонски, кој умрел во 323 година п.н.е. во Вавилон, сè уште останува тајна.