Падна договор за „развод“ меѓу ЕУ и Британија

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск соопшти дека лидерите на 27 земји на ЕУ го одобриле договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ и политичката Декларација за идните односи.

Лидерите на 27 земји членки на ЕУ им било потребно помалку од еден час на состанокот во Брисел едногласно да го одобрат и постигнат договорот за Брегзит.

„ЕУ27 го усвои договорот за повлекување и политичка декларација во идните односи меѓу Европската унија и Велика Британија“, напишал Туск на својот официјален налог на Твитер, на нешто помалку од еден час по почетокот на самитот на лидери на ЕУ во Брисел.

Битката за Тереза Меј тука не е завршена, затоа што договорот треба да се одобри и во парламентот на Обединетото Кралство, каде многу од пратениците се противат на оваа верзија на договор.

Гласањето во британскиот парламент се очекува да се случи на почетокот на декември. За условите за „развод“ меѓу ЕУ и Велика Британија, Лондон и Брисел преговараа во последните 18 месеци. Британија официјално ќе излезе од европскиот блок на 29 март следната година.

 

 

Scroll to Top