Паднал од крузер и минал 22 часа на отворено море

Триесет и тригодишно момче од Филипините е пронајдено во водите во близина на Куба, откако претходно паднало од крузер. Момчето минало 22 часа на отворено море.

Норвешкиот крузер веднаш бил запрен откако дознал за исчезнувањето, а крајбрежната стража го пребарала подрачјето од околу 2600 квадратни километри.

За среќа, момчето било забележано од екипажот на бродот „Карнивал круз лајнса“. Веднаш го свртеле бродот кога го забележале како мавта со рацете. Екипажот спуштил чамец и го префрила момчето на својот крузер додека патниците ја следеле целата операција на спасување од палубата. Момчето било во водата 22 часа, а пронајдено е на 34 километри од Куба.

„Забавивме, го свртевме бродот и се доближивме до местото каде што пливаше“, изјавил капетанот на бродот, Перо Грубјешиќ.

 

 

Scroll to Top