Паднал во лава на вулканот во Божјата планина и преживеал

Вулканот во Танзанија Ол Доинјо Ленгаи или Божјата планина со право го нарекуваат уште и најчудниот вулкан на светот, затоа што неговата лава е најстудена на земјата.

Лавата од овој активен вулкан во моментите кога има ерупција има температура од околу 510 степени Целзиусови.

Колку е студена сведочи и приказната на локалниот водач од племето Масаи, кои во текот на една експедиција, од 2007 година, во несреќни околности паднал во еден од нејзините текови.

Додека останатите гледале, тој некако успеал жив да излезе од смртната опасност и да се искачи на една карпа. Иако на нозете и рацете имал тешки изгореници, водачот станал првиот човек кој успеал да се извлече жив од лавата.

Освен температурата, необичен е и составот на лавата на Божјата планина. Додека лавата типично е богата со силикатни минерали, оваа лава е богата со ретки минерали на натриум и калиум карбонат, нерерит и грегорит. Токму поради тоа, таа избива на релативно ниска температура и нема црвен, туку црн сјај на сонцето.

Освен тоа, лавата во која водачот паднал е значително течна и често е послатка од водата.

Недалеку од вулканот се наоѓа и таканаречениот Базен на смртта кој птиците ги претвора во камен.

Пред неколку години, британскиот фотограф Ник Брент на езерото Натрон во Танзанија открил скаменети птици и ги вратил во природната положба. Ги поставил да стојат на гранките или да пливаат во водата и ги фотографирал.

Набрзо потоа езерото е прогласено за едно од најнегостољубивите места на светот, каде суштествата се претвораат во камен кога ќе ја допрат водата. Причината се високите количини на натриум карбонат.

Овој минетал стигнува до езерото од вулканот Ол Доињо Ленгаи, а со влевањето во езерото, допринесува за високата pH вредност на водата.

 

Scroll to Top