Папата на пролет во посета на Северна Кореја

Претседателот на владејачката јужнокорејска Демократска партија, Ли-Хи-чан, изјавил дека папата Фрањо ќе ја посети Северна Кореја на пролет наредната година.

Ли ова го соопштил и на состанокот на челниците на партијата, но притоа не го соопштил изворот на информација.

„Во целост би имало смисла претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае, и папата Франциско ја посетат Северна Кореја на повик на Ким Џонг-ун “, навел Ли.

Ким во текот на минатиот месец за време на состанокот со Мун порачал дека сака да му приреди топло добредојде на папата, доколку тој реши да го посети Пјонгјанг. Се наведува дека Мун планира да ја пренесе ваквата порака за време на неговата посета на Ватикан на 17 и 18 октомври.

Доколку дојде до посета, тоа ќе биде прва посета не само на папата туку и на кој било верски лидер во комунистичка Северна Кореја.

 

 

 

Scroll to Top