Патник го прекинал летот поради погрешен билет

(САД) – Авион од јапонската компанија „Ол Нипон ервејз“, кој полетал од Лос Анџелес за Токио, морал да се врати назад во САД поради патникот со билет од погрешна компанија во леталото, пренесува АП.

Се наведува дека авионот полетал од Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес вчера околу пладне по локално време, но не стигнал до Меѓународниот аеродром во Токио, „Нарита“.

АП наведува дека манекенката Криси Тајген, која била во тој авион, на „Твитер“ објавила дека леталото се вратило назад по четири часови лет, кој обично траел 11 часови.

Таа твитнала дека на патниците им било соопштено дека некој влегол во авионот „АНА“, со билет „Јунајтед ерлајнз“, како и дека полицијата разговарала со патниците кои седеле во близина на таа личност.

Полицијата на аеродромот во Лос Анџелес во меѓувреме преку локалните медиуми соопштила дека недоразбирањето е решено и дека летот повторно ќе биде планиран за денес.

 

Scroll to Top