Патувањето околу светот со крузерот „Викинг сан“ ќе трае 245 дена

Луксузниот норвешки крузер „Викинг сан“ во август 2019 година ќе тргне на патување околу светот и за 245 дена ќе посети 59 земји на секој континент. Крузерот, на кој ќе има 930 патници, ќе посети 113 пристаништа.

За да го обиколите светот со луксузниот крузер, ќе треба да одвоите најмалку 75.000 евра, пишува „Дејли мејл“.

Крузерот со своите 930 патници ќе го напушти пристаништето во Гринич во август в година, а патот околу светот треба да го заврши во мај. Во текот на 245 дена и осум месеци ќе ги посети сите континенти, освен Антарктикот.

Првото пристаниште ќе биде во Ирска и Норвешка, а потоа крузерот преку Атлантикот ќе стигне на Гренланд.

Најевтиниот билет ќе чини 75.000 долари за лице, што значи дека една двојка патувањето би ја чинело 150.000 евра.

Патниците на располагање ќе имаат два базена, но и термална бања, која вклучува снежна пештера во која паѓаат снегулки.

Најголемата кабина е сопственички апартман, кој е веќе резервиран и чини 220.000 евра за еден, односно неверојатни 440.000 евра за двајца!

Планирано е крстарењето да заврши во мај кога крузерот ќе мине низ Суецкиот Канал до Медитеранот, а потоа преку западните брегови на Шпанија и Португалија назад до Велика Британија.

Scroll to Top