Печурката мисиркина опашка може да излекува рак на дојката

Печурката наречена Мисиркин опаш може да го зајакне вашиот имунолошки систем, до тој степен што може да излечи и тумор на дојка.

Оваа печурка, која е исклучително лековита, по својот облик и боја потсетува на опашка од мисирка.

Седум години клинички студии, финансирани со по 2 милиони долари од Националниот институт за здравје, заеднички се спроведуваат со Универзитетот во Минесота и Универзитетот Бастир.

Студијата покажала дека печурката драматично ја подобрува функцијата на имунолошкиот систем кај жените, кои се во третиот стадиум на рак на дојката, пишува „NaturalHealth365“.

Печурката Мисиркин опаш ги исправува имуните недостатоци.

Истражувачите откриле дека имунолошкиот систем се засилува по користењето на дневна доза. Тие исто така не воочиле никакви штетни споредни ефекти кај жените.

Ова можеби е најважното здравствено откритие по откривањето на пеницилинот, кој е создаден од печурката пеницилиум, и ваквите информации се од витално значење за заболените од рак на дојка.

„Ракот е познат по својата способност да избегне имунодетекција“, вели пионирскиот миколог Паул Стаметс, кој исто така бил директор на истражувањето.

Тој понатаму вели:

„Употребата на оваа лековита печурка како додаток на терапијата или превентива може да помогне на многу пациенти и значително да ги зголеми шансите да се изборат со оваа тешка болест“.

Компанијата „Стаметс“, именувана по нејзиниот основач, ги истражувала ваквите печурки. Стаметс е светски познат едукатор, кој со години говорел за моќните лековити својства на печурката, но особено станал заинтересиран за Мисиркината опашка кога неговата мајка била во 4. фаза заболена од рак на дојка во 2009 година.

Еден напреден онколог ги известил Стаметс и неговата мајка за истражувањето во врска со печурката и ракот на дојката.

„А веќе во февруари 2010 година, таа практично беше излечена од рак“, гордо изјавил Стаметс седум месеци подоцна.

Оваа чудотворна печурка е супер полнач за имунолошкиот систем.

Резултатите од студијата за турската печурка сериозно се земаат предвид како природен лек. Тие веќе долг период се користат во Кина и во Јапонија. Во Кина ги нарекуваат јун жи, а во Јапонија се познати како каваратки. Некои од нејзините предности се:

  • Подобрување на горните инфекции од респираторниот тракт
  • Помош во лечењето на белодробните болести
  • Елиминација на инфекциите од уринарниот тракт
  • Олеснување на иритација на дигестивниот тракт
  • Лек за општ недостиг на енергија и изнемоштеност

„Долго сум препорачувал турски печурки и други медицински печурки на лица кои заболеле од рак“, вели доктор Андрев Ваил, директор и професор по медицина и јавно здравје и основач на центарот за интегрирана медицина на Универзитетот во Аризона.

Ветувачките резултати стигнале од неодамнешното истражување на турските печурки во однос на ракот на дојката и истите претставуваат уште еден доказ за природното лечење. Телото има неверојатна способност за излекување и балансирање, кога се наоѓа во вистинско опкружување и сето тоа со мала помош на природата.

 

 

Scroll to Top