Сончево и натпросечно топло време, со температури до 43 степени нè очекуваат до крајот на викендот, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Пеколните горештини ќе бидат дополнети со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 35 до 43 степени. УВ-зрачењето е 9, со што продолжува портокаловата фаза и препораките да не се излегува на сонце.
Во Скопје, сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 42 степени.
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, исклучително топлото време ќе продолжи до 6 август, а температурите ќе бидат натпросечни за овој период од годината.