Песна на корејскиот бенд „БТС“ го урна рекордот на „Јутјуб“, над 100 милиони прегледи за 24 часа

„Динамит“, последниот сингл на корејскиот бој бенд „БТС“, го урна рекордот на „Јутјуб“ откако спотот бил прегледан 101,1 милион пати во првите 24 часа од објавувањето.

И досегашниот рекорд го држеше корејска група, „Блекпинк“, чиј спот имал 86,3 милиони прегледи за 24 часа во јуни годинава.

„Динамит“ е првата песна во историјата на „Јутјуб“ со 100 милиони прегледи во еден ден. Целосно отпеана на англиски јазик, таа в петок може да стане и прва песна на корејски бенд која стигнала до врвот на британската топ-листа.

Scroll to Top