Пет типа на луѓе кои нè иритираат на „Фејсбук“

By

„Фејсбук“ е сè понепопуларен меѓу тинејџерите, но и понатаму го користат голем број луѓе. Порталот „Mashable“ составил листа на луѓе кои и понатаму ја користат најпопуларната социјална мрежа на сите времиња.

Досадни мајки

Сите разбираме дека станувањето родител е најубавата можна работа на светот, но родителите, најчесто новопечените мајки, кои континуирано објавуваат фотографии од своите штотуку родени деца, во секоја можна поза, по 1000 пати на ден, навистина знаат да бидат досадни.

Не мораат сите да знаат кога вашето дете јадело, какало, легнало да спие. Прекинете со тоа!

Пријателите од средно школо кои се поуспешни од вас

Во средно школо сте биле главна фаца, а потоа сте пораснале и работите се промениле. Сега оние кои сите ги избегнувале имаат вили, скапи автомобили и добро платена работа, а вие по тоа прашање се наоѓате на дното.

Е, тука доаѓа моментите кога тие сакаат на сите на „Фејсбук“ да им се пофали за успехот и сето тоа што го имаат. Решението е крајно едноставно и се нарекува блокирање.

Писатели во обид

Некогаш некаде објавиле нешто и одеднаш писателите се полни со мислење за сите актуелни теми на социјалните мрежи и редовно ги заморуваат луѓето со своите коментари, иако никој ништо не ги прашува.

Лицето кое сите големи работи во животот мора да ги сподели на „Фејсбук“

Овие лица редовно мораат да објават нешто важно од нивниот живот. Било да е во прашање брак, свршувачка, раѓање на детето, патување или нешто петто. Сето тоа треба да се најде на нивниот фејсбук-профил.

Девојки со „дак фејс“

Девојките кои единствена цел во животот им е да се нашминкаат, да ги обликуваат усните како бакнежи и да прават селфиња. И тоа не едно селфи туку 1001 селфи, од бањата, креветот, собата, балконот, шпајзот. Буквално каде и да се најдат мора да се фотографираат, а доколку имаат и огледало, тогаш ќе објават барем четири фотографии затоа што не можеле да се одлучат на која најубаво испаднале.

 

Ќе ви се допадне