Петгодишно дете преживеало само 24 часа во пустина

Петгодишно дете било пронајдено здраво откако минало 24 часа во пустина во западна Аргентина. Момчето го пронашол Сан Хуан, поранешен моторциклист на релито „Париз-Дакар“, на 21 километар од местото каде [to последен пат било видено. Претходно 100 доброволци се јавиле да се приклучат во потрагата.

Властите во провинцијата Сан Хуан излегле со соопштение дека момчето се разделило од неговите родители за време на семејниот излет. Откако било најдено, детето веднаш било однесено во болница поради блага дехидратација, но по кратко време било пуштено дома.

„Ми беше ладно, а и лошо спиев поради камењата“, изјавило момчето и додало дека морало да пие вода од потокот и да јаде трева.

Scroll to Top