Петра од Прага, како девојка не ни сонувала дека ќе се занимава со проституција. Таа го работела тоа за што е школувана и била успешна правничка. Но, во 90-те години работела во многу успешна фирма, а потоа се тргнало наопаку. Оддеднаш, се нашла без извр на приходи, и без идеја за тоа како да се прехрани.
Почнала да наплатува за секс поради парите, ја започнува приказната жената, чија услуга чини 250 евра за еден час. За цела ноќ, со Петра, потребно е да издвоите 1000 евра.
„Ова беше начин да ги исполнам своите финансиски дупки. Со време толку добро тргна што сосема престанав да се занимавам со правните работи. Уживав во тоа, иако некогаш имав поинакво мислење“, вели таа.
„Со оваа работа не може да се занимава некој кој сака да има рутина, или сободни викенди и празници“, смета Петра.
Во 40 години, се смета за среќна што физички сеуште е во форма и дека може да се занимава со својата работа.
Објаснува како работата со проституција не личи на она што може да се види на филмовите. Таа вели дека поголем дел од тоа се сведува на вечера, чаша вино, пријатен разговор и секс.