Петтоодделенец стана читач на годината по прочитани 300 книги за една година

Петтоодделенецот Денис Рахмановиќ од училиштето „Јован Ристиќ“ во Борч го освои признанието читач на годината. Тој во 2020 година прочитал 300 книги.

Признанието му го доделија од Градската библиотека во Белград за време на прославата на 90. роденден. Со ова Денис стана најмладиот што успеал да ја освои оваа награда.

Денис вели дека пандемијата на коронавирусот влијаела на сите и дека децата главно наставата ја следеле онлајн, па имале повеќе слободно време за читање. Тој голем дел од времето го поминал дома и одлучил да го искористи читајќи квалитетна литература.

„Мама и тато ми читаа книги за деца и сликовници уште кога бев прво одделение, па продолжив да читам сам. Ги научив буквите на пет години и тогаш ги засакав книгите. Кога тргнав на училиште, почнав да читам лектири. Бранко Ќопиќ, Бранислав Нушиќ, Урош Петровиќ се само некои од писателите кои ми се омилени“, изјавил Денис.

Тој посочи дека неговата омилена книга што ја прочитал минатата година е „Перси Џексон и олимпијците“ од Рик Риордан.

 

 

 

Scroll to Top