Пијана стјуардеса во клинч со патниците

By

Една од патничките на линијата од Денвер кон Вилстон и Северна Дакота, имала причина на Твитер јавно да се пожали на стјуардесата која на работа пристигнала, како што таа вели, пијана или дрогирана.

Сето тоа било попратено со фотографии од стјуардесата која видно била под влијание на опијни дроги. На нив се гледа како стјуардесата седи на своето место и се турка со патникот.

Во својата објава Ерика Горман, се заблагодарила на компанијата за ужасниот лет.

„Пијана или напушена, стјуардесата ги загрозила животите на сите. Морав да го посетам кокпитот и да го повикам пилотот за да му кажам дека работата излегла од контрола. По летот ја чекале полицијата и итната помош“, напишала таа.

Без оглед на состојбата во која се наоѓа, стјуардесата успеала да се дофати до микрофонот и да им порача на патниците на својата верзија за безбедносните предупредувања.

„Ако појасите не ви се добро заврзани, сте наеб**е“, наводно изјавила таа.

Компанијата Јунајтед им се извинила на патниците поради нејзиното однесување, и навела дека стјуардесата е суспендирана додека не се истражи целиот инцидент.

Целата епизода привлекла уште поголемо внимание, со оглед на тоа дека се работи за компанија која досега била позната по неколку скандали. Освен што во еден момент дивјачки ги исфрлила патниците од авионот, на нивните летови се случиле и трагични случаи во кои животот го загубиле животните меѓу кои и штена, булдог и голем зајак.

 

 

Ќе ви се допадне