Пилот заспал во кабината, па го утнал местото за слетување

Авиокомпанија од Мелбурн соопштила деа ќе покрене истрага против пилотот кој заспал во кабината на товарен авион и за 46 километри го утнал австралискиот остров на кој требало да слета.

Комапнијата „Вортекс ер“ сооштила дека пилотот бил сам во кабината и дека за време на летот од Девенпорт, на северозапад од Тасманија, до островот Кинг во преминот Бас, кој ја раздвојува Тасманија од остатокот на Австралија, со авионот управувал автопилот.

„Вортекс ер“ навел дека пилотот ненамерно заспал и дека проблем се јавил кога од контролата на летање не успеала да стапи во контакт со него.

Авиокомпанијата соопштила дека пилотот безбедно слетал на островот Кинг.

 

 

Scroll to Top