Британскиот поп-рок бенд „Пласибо“ на 16 јули 2022 година ќе одржи концерт на стадионот на АРМ во Скопје. Бендот требаше да настапи во Македонија лани во јуни, но поради короната, уште во 2019 година ја откажа својата европска турнеја, а со тоа и концертот што беше планиран за Скопје, потврди организаторот „Авалон продукција“.
„Само неколку дена по објавувањето на една од најубавите нивни песни досега, новиот сингл Beautiful James, која е најава за новиот албум, добивме дозвола да го објавиме и овој голем настан што ќе се одржи в година“, велат од „Авалон“.
Влезниците за концертот на „Пласибо“ ќе бидат пуштени во продажба в петок, 15 октомври, и тоа 1.500 денари за партер и 1.990 денари за фан пит.
Оние што ги имаат зачувано влезниците за настанот што требаше да се одржи на 25.6.2020 година не мора да ги заменуваат бидејќи и тие ќе бидат важечки, додава организаторот.