По 18 часот Фејсбук испратил нотификации за злоупотреба на вашите податоци

Фејсбук е на мета на критики откако коосновачот на компанијата „Кембриџ Аналитика“, која се занимава со преработка на податоци, открил дека информациите на повеќе од десетина милиони корисници на Фјесбук се превземани без нивна согласност.

Корисниците на Фејсбук по 18 часот по локално време, можат да откријат дали се меѓу 87 милиони лица, чии податоци ги користела „Кембриџ Аналитика“, пренесува во понеделникот Би-Би-Си.

Секој корисник на социјалните мрежи ќе добие една или две нотификации за тоа дали се употребени нивните податоци.

Фејсбук на корисниците ќе им јави и за тоа кои апликации ги користат ѝ какви податоци тие имаат собрано. Технолошкиот гигант ја суспендирал компанијат „Cubeyou“.

Се истражува дали компанијата за анализа на податоците ги собирала информациите за академски, а потоа ги користела за комерцијални цели, во соработка со универзитетот во Кембриџ.

Фејсбук е на мета на критики откако коосновачот на компанијата на Кембриџ Аналитика, која се занимава со преработка на податоците, открила дека информациите за повеќе од дестина милиони корисници на Фејсбук се превземени без нивна согласност и користење за политичка кампања.

Scroll to Top