По 2 години пауза, од денес повторно е пуштена жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст на Водно. Поради пандемијата со Ковид-19 таа не работеше од лани во март.
Периодов беа завршени сите технички процедури за пуштање и е изработен и протокол за работа според кој во една кабина ќе можат да се возат само 4 лица. Жичницата ќе работи секој ден освен понеделник и последниот вторник во месецот.
Пуштени се и 3 автобуски линии 25, 25А и 25Б кои ќе водат до Средно Водно. Автобусите 25А и 25Б ќе возат бесплатно, а превозот ќе биде бесплатен и за време на викенд и за државните празници.