Првата дама на САД, Меланија Трамп, синоќа присуствувала на настан во Белата куќа, што е нејзино прво појавување во јавноста по повеќе од три недели по операцијата на бубрегот.
Првата дама му се приклучила на претседателот на САД, Доналд Трамп, на приемот во чест на членовите на загинатите на семејствата во текот на воената служба.
Од почит кон поканетите од Белата куќа не дозволиле извештаи за настанот, но набргу по приемот, на „Твитер“ се појавиле фотографии од Меланија Трамп.
Tonight @POTUS & I were honored to pay tribute to our fallen heroes. Thank you to the Gold Star families that joined us in celebration & remembrance. pic.twitter.com/6oSh1t88G7
— Melania Trump (@FLOTUS) 5 June 2018
Првата дама на 19 мај се вратила во Белата куќа по пет дена поминати во воената болница во близина на Вашингтон.
Последен пат во јавноста Меланија е видена на 10 мај кога со претседателот на САД во воената база во Мериленд ги дочекаа тројцата Американци ослободени од притвор во Северна Кореја.