По 350 евра казна за свиркање по жени на улица

By

Мажите во Франција би можеле да бидат казнети со 350 евра доколку ги следат жените на улица, свиркаат по нив и гласно го коментираат нивниот изглед или побараат нивен број на телефон. Ова се наведува во нацрт-предлогот за борба против сексуален презир.

dobivaj vesti na viber

Новиот предлог ќе ѝ биде претставен на француската влада во наредните денови, јавуваат локалните медиуми.

Предлогот дојде од страна на парламентарните работни групи на францускиот државен секретар за еднаквост, Марлен Шијапа.

Политичарите што стојат зад предлогот укажуваат на тоа дека луѓето што ќе ја прекршат женската слобода на движење во јавен простор треба да се соочат со минимална казна од 90 евра ако ја платат на самото место.

Ако казната се одложи, таа може да порасне на 350 евра, се наведува во извештајот. Документот ќе им биде претставен на министерот за правосудство Никол Белоубет и на министерот за внатрешни работи, Герард Колумбо.

Марлен на почетокот се повикала на законодавството во октомври 2017 година велејќи дека уличното вознемирувањето треба да биде казниво дело.

34-годишната феминистка соработува со францускиот претседател Емануел Макрон, кој еднаш рече дека вознемирувањето би можело да се спореди со едноставна постапка на вербализација, така што постои можност за непосреден одговор кога ќе се случи.

Во извештајот на 25 страници, кој допрва треба да стане јавен, нејасно е што неговите автори го дефинираат како пример сексуалниот презир кон жените.

Францускиот весник Ouest-France, кој дојде до извештајот, вели дека ако некој ја следи жената, го побара нејзиниот број на телефон и свирка по неа, тоа може да биде казниво исто како и гласниот коментар за женскиот изглед.

„Сето тоа се случува пред да почнат навредите и сексуалното вознемирување, кое е веќе казниво според казнениот закон“, вели Ерван Баланант, еден од авторите на извештајот. Баланант објаснува како овие мерки се нужни затоа што не постои полицаец на секој чекор што би го спречил секој што ќе ѝ се пушти на некоја жена.

Според Високиот совет за еднаквост меѓу жените и мажите, 100 проценти жени тврдат дека биле малтретирани во јавниот превоз барем еднаш, а 82 отсто од жените биле помлади од 17 години.

Ако биде одобрен, законот ќе биде претставен на парламентарната расправа во народното собрание и во Сенатот подоцна оваа година. Според извештајот, Марлен ги фаворизирала дури и посилните мерки, говорејќи дека 90 евра е премала казна.

 

 

 

 

 

Ќе ви се допадне

go88 bản web bot hack go88 nổ hũ go88

link tại sunwin nhatvip sunwin sunwin có uy tín không