По ликвидацијата убијците на Аркан живееле како нормални луѓе

Убиството на Милан (Мики) Џуриќиќ, кој во средата попладнето бил убиен во Јужна Африка, а кој претходно со пријателите Добросав Гавриќ и Драган Николиќ бил обвинет за убиството на Жељко Ражнатовиќ – Аркан, понатаму крева голема прашина во српската јавност.

Тие до чекањето на пресудата уживале во кафеаните и рестораните во Лозница. Кога биле пуштени да се бранат од слобода, Гавриќ и Џуриќиќ заминале во кафеана, каде што постојано ги чекала слободна маса. Тоа било посебна маса на аголот од ресторанот, која била резервирана исклучиво за нив, за да можат да гледаат кон влезната врата.

„Се однесуваа како и сите други гости, сите знаеја кои се тие и што прават. Сите гости биле запознаени со двете правила, кои морало да ги почитуваат во кафеаната“, вели извор близок до Џуриќ.

„Првото правило било дека двајцата никогаш не испраќале пијалаци за чесните девојки, туку за оние другите, да не кажам обележаните. И тие тоа го почитуваа. Еднаш се случи келнерот по грешка да послужи пијалаци на маса на погрешни девојки, но Гавриќ тоа веднаш го исправил барајќи да се врати и да ги донесе пијалаците на неговата маса“, додава изворот.

Џуриќиќ и Гавриќ секогаш оставале бакшиш трипати поголем од сметката, а плаќал само Гавриќ.

„И токму кога станува збор за плаќањето, морало да се почитува второто правило. Келнерот ќе ја донел сметката, ќе ја ставел на маса и ќе си заминел. Гавриќ потоа ќе ги извадел парите, ќе ги ставел на масата над сметката и ќе си заминел. Најважно е тоа што ништо не одело од рака на рака“, вели изворот.

И двајцата никогаш не газеле по обичниот народ, само по оние што, како и нив, биле на другата страна од законот.

Добросав Гавриќ е осуден на 35 години затвор поради убиството на Ражнатовиќ и двајца негови пријатели Миленко Мандиќ – Манда и Драган Гариќ – Гаре. Тој и понатаму се наоѓа во домашен притвор во Јужноафриканската Република во која е уапсен во декември 2011 година, а тамошните власти сѐ уште не го испорачуваат во Србија.

Џуриќ е осуден на 30 години, а последните 12 бил во бегство сѐ до ликвидацијата што се случила на една раскрсница во Јоханесбург.

 

Scroll to Top