По седум месеци, во Вухан училиштата повторно отворени

По седум месеци во кинескиот град Вухан, во вторникот повторно беа отворени улилиштата и почна да се одвива наставата, јавува „Ројтерс“. И покрај радоста за враќање на нормалната состојба, голем број родители и учители стравуваат од повторно ширење на коронавирусот.

Вухан, од каде почна глобалната пандемија, дозволи да се отворат повеќе од 2.800 образовни инситутции за речиси 1,4 милион ученици. Пред основното училиште „Вулуо Роуд“, животот се врати во нормала, а децата пред училиштата беа следени од родителите.

„За време на епидемијата децата беа дома повеќе од половина година. Во сите аспекти не можеле да се образуваат онака добро, како што би можеле во училиште“, изјавил Веи Фанлинг, еден од родителите која ручала со својот 12-годишен син.

Таа изјавила дека не ѝ олеснало кога дознала дека училиштето повторно ќе се отвори, но дека и понатаму ќе остане внимателна.

„Иако епидемијата е готова, не смееме тоа да го земеме здраво за готово“, изјавила таа.

Во Вухан од средината на мај немало локална трансмисија, пренесуваат тамошните медиуми. Досега во градот од коронавирус починале 3.869 луѓе, што претставува повеќе од 80% случаи во цела Кина, но од средината на мај во овој град немало никаква локална трансмисија.

И додека образовните институции настојуваат да ја остават изминатата бурна училишна година зад себе, сè уште се преземаат посебните мерки како што е редовното мерење температура кај децата. Освен тоа, властите ги советуваат родителите да го избегнуваат јавниот превоз.

Автобусите се полупразни, а учениците  одат во училиште со нивните родители со автомобили или на електрични тротинети.

Универзитетот во Вухан го затвори кампусот за да спречи доаѓање на посетители кои не живеат тука. Сите студенти ќе бидат тестирани пред да им биде дозволено да се вратат. А оние кои доаѓаат од странство, ќе мораат да останат во 14-дневен карантин.

Scroll to Top