По три и пол години, се отвори рајската плажа прославена во филмот со Ди Каприо

Рајската плажа на тајландскиот остров Ко Фи Фи Ле, која стана позната и се прослави по американскиот филм „Плажа“ од 2000 година, пак е отворена за посетители. Таа речиси три години беше затворна, а отсега важат строги правила за да се заштити заливот Маја од последиците на масовниот туризам.

Заливот ќе биде отворен за посети од 7 до 18 часот. Бројот на гостите ќе биде ограничен на 375 во еден час или тоа се 4.125 гости дневно. Секој гостин ќе може да се задржи најмногу еден час.

Капењето во водите на заливот е забрането, па сите што ќе го прекршат ова правило, ќе бидат казнети.

Чамците и бротчињата веќе не може да ѝ пристапат на плажата преку заливот, туку ќе ги оставаат туристите на другата страна на островот.

По светскиот успех на „Плажа“ со Леонардо ди Каприо во главната улога, туристи од целиот свет навалија во заливот, па тоа многу го оштети екосистемот, особено коралите. Тајландската влада затоа ја затвори плажата во јуни 2018 со намера тоа да трае само четири месеци. Во мај 2019 забраната беше продолжена на две и пол години.

Scroll to Top