По ураганот Ирма, на плажата се појави мистериозно суштество со џиновски заби

Животното го открила Прити Десај на плажата во Тексас во Сити. Таа постирала неколку фотографии и побарала помош на Твитер за да го идентификува.

По ураганот Харви, на плажата во Тексас се појави мистериозно морско суштество, а биологот експерт за јагули, Кенет Тај, верува дека е во прашање змија-јагула со заби.

Нејзиното барање е проследено до докторот Тај, кој верува дека е во прашање змијолика јагула со заби, но наведува дека е можно да се работи за морска јагула затоа што и двете постојат во Тексас и имаат големи заби.

Десај, која го открила животното додека на плажата ја проценувала штетата од ураганот, изјавила за Би-би-си дека мисли дека е во прашање суштество од морските длабочини кое е исфрлено на брегот.

Scroll to Top