Победниците на Евровизија ќе бидат тестирани за дрога по враќањето во Италија

Победниците од Евровизија, групата „Манескин“, ќе бидат тестирани за дрога по враќањето во Италија, соопштија од Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

Од таму велат дека биле свесни за шпекулациите кои се појавија во јавноста по објавениот видеоклип и дека уште синоќа побарале од нов да бидат тестирани, но тоа не можело технички веднаш да се организира.

На еден кадар од синоќешниот ТВ-пренос, гледачите забележаа дека се чини оти Давид шмрка кокаин од масата, иако никаде не се гледа кокаинот.

На кадарот се гледа како Давид се наведнува на масата, а за тоа тој вели дека се наведнал оти еден од членовите на бендот скршил чаша крај неговите нозе. Од ЕБУ соопштија дека пејачот, доброволно се пријавил да направи тест за дрога по враќањето во Италија.

На прес-конференцијата после шоуто, Давид строго негираше дека се дрогира.

„Томас скрши чаша. Јас не користам дроги“, рече тој. Бендот и на „Инстаграм“ објави дека се против користење дроги и оти никогаш не земале кокаин.

„Подготвени сме да бидеме тестирани. Ништо не криеме“, напишаа тие.

(Видео) Дали шмркаше кокаин, новинар го праша победникот на Евровизија: Скандал по финалето

 

Scroll to Top