Почина Aдо Kампеол, „таткото на тирамису“, што никогаш не го патентирал

На 93-годишна возраст почина Адо Кампеол, кој во италијанските медиуми беше познат и како „таткото на турамису“. Тој беше сопственик на ресторанот „Але Бекерие“ во  Тревизо во северна Италија, каде што неговата сопруга Алба и готвачот Роберто Лингванато го измислија славниот десерт во 1969 година.

Според Лингванато, тие случајно го осмислиле тирамису откако при правењето сладолед од ванила, во садот со јајца и шеќер додале малку маскрапоне. Со текот на времето, го усовршиле рецептот, додавајќи и бисквити натопени во кафе и какао.

Во 1972 година, тирамису бил додаден во менито. Но, семејството Кампеол никогаш не го пантентирало. Во 1981 десертот станал популарен низ целиот свет откако се појавил во кулинарското списание „Венето“.

Подоцна се појавија некои спорови околу вистинското потекло, но „Академијата тирамису“ тврди дека тој речиси сигурно за првпат е направен во „Але Бекерие“.

„Але Бекерие“ е отворен во 1939 година од семејството Кампеол, а Адо го презел бизнисот на крајот на Втората светска војна.

Scroll to Top