Почина Ингвар Кампрaд, основачот на ИКЕА

На 91-година завчера почина Ингвар Кампрaд, основачот на ИКЕА. Овој светски познатиот синџир продавници за мебел и домување е основан во Шведска далечната 1943 година.

Кампрад е еден од најбогатите бизнисмени на 20. век. Роден е 1926 година, а на само 17 години го почнал бизнисот со мебел што лесно се пренесува и склопува. Денес ИКЕА има 300 продавници во 38 земји ширум светот.

Компанијата на почетокот функционирала само со испорака преку пошта. Првата продавница ја отворил 1958 година, две години откако еден од вработените добил идеја да ги размонтираат ногарките на масата за да може полесно да се спакува и транспортира производот.

Богатството на Кампрад, според списанието „Форбс“ се проценува на 3,5 милијарди долари.

Кампрад се повлекол од позицијата главен извршен директор на компанијата во 2013 година, а оттогаш со компанијата раководи синот Матијас, едно од неговите четири деца.

Scroll to Top