Почина малиот Илче од Охрид кој беше запуштен и без родителска грижа

Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишно дете , штитеник на Специјалниот завод Демир Капија.
Починатиот Илче беше згрижен во семеен дом пред еден месец, откако претходно беше пронајден како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото дете, во насока на откривање на причините за настанатата смрт.

Scroll to Top