Почина Мирко Нончев еден од најпопуларните глумци во Германија

На 52 годишна возраст почина еден од најпопуларните актери во Германија, Мирко Нончев. Тажната вест за Bild ја потври неговиот пријател и менаџер Бертрам Ридел.

„Со големо жалење ја потврдуваме смртта на нашиот пријател. Бараме разбирање за семејството во ова тешко време“, рече Ридел.

Популарниот глумец и комичар беше познат по улогите во RTL Saturday Night. Нончев е роден во 1969. година од бракот на бугарскиот музичар Васко Нончев и германска новинарка.

Scroll to Top