Почина новинарот Ристе Недановски

По кратко и тешко боледување вчера на 62-годишна возраст, почина новинарот Ристе Недановски.
Трагичната вест ја соопштија од Лекарската комора на Македонија каде што Недановски работеше во одделението за односи со јавноста и уредник на интерниот весник.

Недановски работеше како новинар во весниците „Вечер“, Дневник“ и „Утрински весник“. Од 2004 година беше уредник и новинар за здравство во „Вечер”.

Од активното новинарство се повлече во 2006 и стана пиар менаџер во „Публицист”, а од 2009 беше извршен директор и пиар менаџер во „Концепт маркетинг”. Од 2011 беше уредник на гласилото на Лекарската комора на Република Северна Македонија.

Долги години подготвуваше и уредуваше текстови, посебни тематски публикации на различни асоцијации, здруженија, организации и компании како што се Стоматолошката комора на Македонија, „Порака”, Сојуз на помош за лица со ментален хендикеп и други.

Автор е и учесник во подготовка на повеќе релевантни меѓународни анализи за состојбите и реформите во здравството.

Scroll to Top