Почина Ричард Роџерс, архитектот на „Помпиду“ во Париз и лондонската „О2 арена“

Почина италјинско-британскиот архитект Ричард Роџерс, кој е автор на светски познати дела, како центарот „Помпиду“, или „Бобур“ во Париз, или „Милениум доум“, сега позната како лондонска „02 арена“, на 88 години. Веста ја соопшти неговиот портпарол.

Тој е роден во 1933 во Фиренца, се образовал на Архитектонската школа во Лондон, а магистрирал на „Јејл“. Стана славен во 70-тите и во 80-тите по создавањето два објекта, кои беа оценети како контроверзни во тоа време бидејќи однадвор ги постави лифотвите и клима-уредите, како, на пример, „Помпиду“ и зградата „Лојдс“ во Лондон. Во 2007 ја доби највисоката архитектонска награда „Прицкер“ за „Помпиду“.

Покрај овие дела, тој го создаде дизајнот и на Европскиот суд на човекови права во Стразбур, Велшкото собрание во Кардиф, Терминалот 5 на аеродромот „Хитроу“ во Лондон и Терминалот 4 на мадридскиот „Барахас“. Исто така, и Светскиот трговски центар 3 во Њујорк, облакодерот од 80 ката кој стои на местото на поранешните кули близначки.

Scroll to Top