Почина таткото на Бил Гетјс

Таткото на вториот најбогат човек на светот, Бил Гејтс, Бил Гејтс Постариот, почина на 94-годишна возраст. Адвокатот и татко на основачот на „Мајкрософт“ почина во понеделниот во својот дом во Вашингтон. Тој боледувал од Алцхајмерова болест.

„Бизнис тудеј“ објавува дека Гејтс Постариот е човекот што го советувал својот син да се занимава со филантропска работа откако го оставил својот бизнис и преминал да се занимава со социјалните работи.

На почетокот на деведесеттите години Гејтс Постариот работел од својата канцеларија, која се наоѓала во подрумот. Тој му помогнал на син му да ја сподели својата визија преку помагање на другите.

„Ќе ми недостига секој ден“, напишал Бил Гејтс на својот блог. Тој додал дека смртта на татко му била очекувана затоа што имал 94 години, а неговата здравствена состојба секојдневно се влошувала.

„Сите имавме време да размислиме колку сме среќни што толку години го имавме овој човек во нашите животи“, навел Гејтс.

 

Scroll to Top