Почина и вториот астронаут од Аполо 12

Американскиот астронаут Алан Бин, четвртиот човек кој шетал по Месечината, починал на 87 годишна возраст во Хјустон.

Бин бил на Месечината во 1969 година, како дел од тричлениот екипаж на Аполо 12 мисијата и бил командант на екипажот на вселенската станица Скајлаб во 1973 година.

„Алан Бин еднаш изјави – Го имав најубавиот живот на светот -, изјавил администраторот на НАСА Џим Брајденстајн, пренесува Ројтерс. Бин бил роден на 15 март 1932 година.

Минал 1671 час и 45 минути во вселената, од кои 10 часа и 26 минути на Месечината и во Земјината орбита.

Бин дал отказ во НАСА во 1981 година и се посветил на сликарството. Неговите слики воглавно претставуваат она што го доживеал како астронаут.

Насликал бројни пејсажи од Месечината и на платното ги пресликал бројните космички авантури кои му се случиле на него и неговите колеги од Аполо мисиите.

„Дури и кога би живеел 185 години, не би останал без инспирација на таа тема“, изјавил Бин.

Scroll to Top