Починат кандидат победи на изборите во Босна

Починат кандидат победи на изборите во Босна и Херцеговина, пренесуваат тамошните медиуми. Станува збор за доктор Мирсад Пецо, кандидатот од СДА, за градоначалник на Травник.

Тој починал во неделата утрото од последица на коронавирусот. Во неделата тој освоил 8.220 гласа на изборите. Имал убедлива предност пред второпласираниот Горан Пејаковиќ, кој освоил 5.412 гласа.

Пецо бил хоспитализиран и со денови имал нарушено здравје, предизвикано од пандемијата на Ковид-19. Неговата состојба значително се влошила во последните неколку дена.

Но, и покрај напорите на лекарите да го спасат, тој на крајот починал. Премиерот на среднобосанскиот кантон, Тахир Лендо, за медиумите потврди дека почина кандидатот на СДА за градоначалник на Травник, Мирсад Пецо.

Д-р Пецко почина на денот на изборите од ефектите на коронавирусот во болницата во Травник.

Scroll to Top