Почна снимањето на „Кајмак“, седмиот филм на Милчо Манчевски

Денеска, во Скопје, почна да се снима „Кајмак“, седмиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски. Филмот ќе се снима пет недели на локации во Скопје.

Сценарист и режисер на филмот е Манчевски, а во филмот играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Дејан Лилиќ, Ѓорѓи Јолевски и други.

„Кајмак“ е црна комедија или среќна трагедија за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот, безмилосна критика на лицемерството и малограѓанштината, рече Манчевски за новиот филм, кој и овој пат го прави во европска копродукција.

Неодамна, во интервју за „Репортер“, Манчевски откри дека процесот на избирање актери за секој филм е секогаш долг, но и забавен.

„Секогаш се појавува некој актер што знае да ме изненади. Таков беше случајот со ‘Бикини Мун’ кога го менував сценариото за да го приспособам на Кондола Рашад, која ме воодушеви на аудицијата, а не соодветствуваше на ликот“, рече познатиот режисер.

Scroll to Top