Минатогодишната туристичка сезона во Хрватска поминала многу добро, а тамошното Министерство за туризам оваа година очекува уште подобри резултати. Од Хрватскиот завод за вработување проценуваат дека оваа година за работа во угостителскот сектор, ќе бидат потребни меѓу 15.000 и 20.000 работници.
Порталот Индекс.хр. направил по тој повод истражување и резултатите се покажале и повеќе од добри, затоа што работа преку лето може да најдат голем број на млади лица од Србија и Македонија па и целиот Балкан. Како што покажало спроведеното истражување, хотелијерите се заинтересирани за работници од регионот, а и платите ќе бидат поголеми.
Хрватскиот завод за вработување навел дека првите два месеци оваа година, побарувачката за работници била нешто помала, но напоменуваат дека селекцијата за кандидати за престојната сезона се уште трае, така да конечните резулати ќе бидат познати нешто во подоцнежниот период.
Во првите два месеци годинава, од бараните речиси 14.000 работници за сезонска работа, најмногу побарувања има во областа за давање на сместување, подготовка и послужување на храна и тоа воглавно конобари, собарки, чистачки, кувари, кујнски работници, помошни конобари, помошни кувари, продавачи, рецепционери и туристички аниматори.
Што се однесува до хотелијерите, сеуште има отворени позиции за оваа дејност, но воглавно одговорните се имаат на време подготвено за сезоната, задржувајќи ги постоечките работници или барајќи нови на време. Владата во Хрватска годинава распишала квота за вработување на 31.0000 странци, од што на туризмот и угостителството им се доделени 4660 дозволи.
Туристичката компанија Маистра, оваа година ќе запосли 200 работници повеќе од минатата година. Како што наведуваат, воглавно се ослонуваат на работната сила од Истра, околу 70% од работниците доаѓаат од таму, а останатите, оние на кои им е потребно, им организираат и плаќаат сместување.
Вработените имаат право на два топли оброци, надокнада за превоз за работа, а им се исплаќаат и додатоци на платата, односно регрес за годишен одмор, божиќен додаток, јубилејна награда и солидарна помош. Во текот на годината спроведуваат програми на усовршување и дополнителен развој за сите свои вработени.
Туристичката групација Валамар Ривиера, оваа година отвора 600 работни места па сезоната 2018 година ќе вработи повеќе од 6600 работници кои ќе работат во 30 хотели и 15 кампови од Истра и Кварнера до Дубровник.
„Вработуваме од ИТ експерти и специјалисти за маркетинг, продажба и финансии, до конобари, рецепционери и кувари. Токму затоа работата во Вламар е можност за развој на кариерата во туризмот, а не само можност за еднократна заработувачка преку летото“, наведуваат од оваа компанија.
Како што истакнуваат, гарантираната плата е меѓу 700 и 950 евра.