Следниот викенд, 25 октомври, ќе почне зимското сметање на времето. Во 3 часот наутро стрелките ќе се поместат еден час наназад, на 2. Ова можеби ќе биде последен пат часовникот да се враќа назад.
Веќе неколку години во Европа се зборува за укинување на летното и зимското сметање на времето. Европската комисија предложи укинување на летното и зимското сметање оваа година, а Советот на министрите за транспорт и телекомуникација побара тоа да се продолжи за една година и последната промена да се биде во март в година.
Дотогаш, земјите членки на ЕУ треба да преговараат за временските зони и трајно прифаќање на летното или зимското сметање на времето.