Голем број опции на новите телевизори може да биде крајно загрижувачки. Бројните функции изгледаат добро на хартија, но всушност би требало да останат исклучени доколку сакате да извлечете најмногу од сликата.
Особено оние кои имаат прилично звучни имиња.
Прилагодувања кои би требало да ги деактивирате
Отворете ги опциите на телевизорот и одете во менито за прилагодување на сликата.
Пред да почнете да си играте со прилагодувањата, одберете го модот дисплеј „Movie“ (понекогаш се нарекува и Cinema, Expert или Custom).
На овој начин ќе ги осигурате основното осветлување, контрастот и ќе добиете најреалистични бои без минување на сложениот систем на калибрација.
По ова, отворете го напредното мени за прилагодување на сликата за да ги деактивирате функциите за пост-процесуирање.
- Dunamic Contrast: Оваа функција понекогаш се нарекува и Contrast Enhance, и прави темните делови да бидат потемни, а светлите посветли. Сликата поради тоа може да изгледа пожива, но поради оваа функција се губат и голем број детали.
- Black Tone: Слично на претходната функција, оваа опција прави потемните бои да изгледаат потемно, но не можете црните бои на телевизорот да ги направите поцрни отколку што веќе се. Наместо тоа, оваа функција ќе ги зацрни сите нијанси, и поради тоа повторно ќе ги изгубите деталите.
- Black Detail: Ова е спротивно на Black Tone опцијата, и оваа функција всушност ги подобрува деталите во темните делови на сликата, така што ги осветлува, а тоа може да доведе до дисторзија на сликата.
- Еgde Enhacemen: Оваа опција прави сликата да изгледа поостра. Ова звучи добро, но исто така може да доведе до дисторзија на сликата.
- Super Resolution, Reality Creation, Smooth Gradiation. Сите овие опции се обидуваат да ја направат содржината со лош квалитет да изгледа подобро. Ако ја користите содржината снимена со висок квалитет, најдобро би било овие опции да абидат исклучени. Вклучете ги ако гледате стари ДВД-а со лош квалитет.
- Auto Picture Mode: Оваа опција се наоѓа на некои сони-телевизори, и нејзината цел е да го менува модот на сликата во зависност од тоа што се случува на екранот. Најдобро би било да го оставите исклучен.