Кој вели дека сите жени сакаат да се омажат? Жените се понежен пол, поромантични се и почувствителни, но тоа не значи дека не знаат ништо за спортот, не сакаат акциони филмови или не знаат да состават парче нов мебел.
Некои машки предрасуди за жените можеби и со причина, но повеќето немаат никаква врска со вистината. Впрочем, и онаа идеја за „понежниот пол“ е исто така застарена!
Ова се 20 предрасуди за жените, кои најмногу ги доведуваат до лудило:
- Не знаат да паркираат паралелно.
- За лошото расположение виновен е ПМС (никако мажите).
- Не сакаат „машки“ пијалаци како пиво и виски.
- Не знаат ништо за спортот.
- Не знаат да ракуваат со бормашина.
- Имаат десет милиони чевли
- Слободните жени бараат врска под секоја цена.
- Сакаат слатки романтични комедии.
- Паѓаат на опасни фраери.
- Сметаат дека Денот на заљубените и годишнината од брак/врска се најважните денови во годината.
- Опседнати се со мажачка, а особено со денот на венчавката.
- Секогаш мислат дека се дебели.
- Секогаш порачуваат диетална верзија од секое јадење и пијалак.
- Задолжително се шминкаат и ја средуваат косата пред секое излегување од дома.
- Не знаат да состават нов мебел.
- Сексот без емоции не доаѓаат предвид.
- Не читаат дневни новини.
- Еротските филмови ги сметаат за гнасни.
- Се ужаснуваат од хорор филмови.
- Готвењето и чистењето им е вродена склоност.