Покажал заби пред 30 другари на Аркан, па примил куршум во грб

Секој кој го познава Бато за него кажува само еден збор – легенда. Експерт кој не се експонирал, но е важен дел од историјата на фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда. Излекувал повеќе од 200 играчи и од најтешки повреди и ги вратил на терен како да ништо не им се случило.

Кралот на теретаната кој на Инстаграм е популарен и поради слоганот кој го прослави во последно време „старите методи“, што е честа шега во неговите снимки на брутални вежби, кои ги работи и сега, на 66 години.

Но, малку кој знае каква животна приказна го следи легендарниот Бато.

 

Приказната за цврстото момче од асфалтот, кој од Бар се пресели во Белград како момче, заедно со неговиот најдобар другар во тоа време Миодраг Стојановиќ Гидра, човекот кој и ден денешен важи за најсилниот Србин на сите времиња.

И двајцата набрзо станале кралеви на белградскиот асфалт, а во време кога уличните борби биле популарни во Белград, нив никој не смеел да им застане на црта. Токму во периодот во 1981 година, примил куршум во грб. Куршум кој бил наменет за него и кој потоа го оставил закован за кревет. Прогнозите на докторите биле црни, дека ќе остане парализиран до крајот на животот.

Но, борец како Бато Радуловиќ не се предавал, туку секој ден напорно работел и верувал дека повторно ќе се врати на нозе.

Куршумот погодил еден од неговите пршлени, и му го пресекол рбетниот мозок. Прогнозите биле многу лоши. Докторите верувале дека ќе остане парализиран и дека никогаш нема да се врати на нозе. Физичката сила која ја поседувал му го спасила животот, а поради силната воља и карактер на победник, не се откажал во најтешките моменти. Сите овие работи му помогнале да се врати на нозе и да стане вистинско медицинско чудо.

Бил почитуван и во круговите на најмоќните луѓе во тие времиња, но и во деведесетите, кога почнал да работи во Ѕвезда. Токму кога со српскиот фудбал владеел Жељко Ражнатовиќ Аркан. Имал интересна средба со неговата екипа, токму после еден тежок пораз. Но, покажал заби и храброст пред неговите 30 другари, а Аркан тоа го ценел. Веднаш тогаш му понудил работа во Обилиќ и Бато бил заслужен за силата на прочуената генерација на Обилиќ, со која пред 20 години ја освои титулата.

За самиот куршум кој го имал примено, не сакал премногу да зборува во јавност.

„Куршум како куршум. Го примив во грб. Не би сакал да зборувам детално за тоа сега. Кој го интересира има филм кој се вика „Гидра – роден како работник“,  и е направен по вистините приказна. Таму се е опишано. Тоа го доживеав во 1981 година. Целосно бев неподвижен 6 месеци, дијагнозата била катастрофална. Куршумот го примив директно во пршленот и ми беше пресечен рбетниот мозок. Никој не може да објасни како се вратив, затоа што ми рекоа дека сум медицински феномен. Затоа што тоа се нерви, а кога нервот ќе се прекине…. Не сум ни јас свесен за тоа како мина целата работа“, вели Бата.

 

Scroll to Top