Покрив без снег откри фарма за марихуана

Полицијата во Западен Јоркшир запленила марихуана вредна над 90.000 евра. Тие ја откриле фармата за марихуана откако забележале куќа на која немало снег на покривот, што посочило на огромна топлина внатре, потребна за одгледување канабис. Дополнително, додека минувале крај куќата, почувствувале мирис на марихуана.

Во куќата полицијата открила околу 322 растенија во сите четири спални на имотот и во подрумот. Топлината од светилките што помагала да растат растенијата го топеле мразот и снегот од покривот.

Вики Вотсон, која живее веднаш до фармата на канабис, за „Дејли Мејл“ изјавила дека таму живеат двајца мажи од источна Европа и дека во куќата се преселиле пред околу 18 месеци.

„Кога е студено во мојата куќа е ледено бидејќи изолацијата не е добра, но откако тие се преселија во соседната куќа ѕидот во мојата бања е топол на допир“, рекла таа.

Во моментот кога полицијата влегла во домот немало никој, па затоа никој не е уапсен и не се знае кои се всушност одгледувачите на канабис.

Scroll to Top